Вашингтон стејт триумфираше и во шестиот натпревар од стартот на сезоната во НЦАА лигата, откако со 82:54 убедливо го надигра составот на Монтана стејт.
Во групата „Пацифик-12“, Вашингтон стејт моментно е на второто место (6-0), а на првата позиција е екипата на Аризона (5-0).
Најрасположени во триумфот беа Ноа Вилијамс со 21 поен и Ефе Абогиди кој запиша „дабл-дабл“ учинок од 19 поени и 15 скока.
Свој придонес во победата имаше и македонскиот кошаркар Андреј Јакимовски кој уште еднаш покажа дека ќе биде исто така еден од клучните играчи во составот, за скоро 34 и пол минути игра на паркетот имаше 10 поени, седум скока и две асистенции.
На спротивната страна најдобри стрелци беа Амин Адаму (12 поени) и Мајк Худ (11 поени).