Не им појде од рака синоќа на играчите на ТФТ, тоа го направија вечерва кошаркарите на Куманово во рамките од БИБЛ натпреварувањето. „Сино-белите“ ја најдоа „добитната комбинација“ (86:71) како да се победи досега непобедливиот состав на Академик Бултекс од Бугарија.
А „сценариото“ беше доста едноставно. Да се направи разлика, поголема од 20 поени во исто толку минути од играта. И истата да се сочува во оние „втори 20“, односно второ полувреме. Сето тоа, доволно за втор балкански успех во четири одиграни мечеви и половичен ефект.
Кај стрелците во победничките редови Горјан Марковски имаше 27 поени (осум скока, четири асистенции), а на спротивната страна Николај Титков забележа 16 поени (девет скока, шест асистенции, четири загубени топки).
На табелата и натаму води Академик Бултекс (6-1) од седум натпревари со 13 бодови, а на дното останува Куманово со шест бодови од четири натпревари (2-2).
Наредниот меч во Балканската лига, Куманово ќе го игра на 23 декември, кога ќе му гостува на Ибар во Рожаје, Црна Гора.
Кога и „плус 20“ не се доволни, пораз на ТФТ во Балканската лига!