Полскиот напаѓач Аркадиуш Милик може да го напушти Наполи доколку има клуб што е подготвен да плати најмалку 15 милиони евра, соопшти денеска прволигашот од Неапол.
Договорот на Милик (26) со Наполи истекува за седум месеци, а напаѓачот одби да ја продолжи соработката, откако во летниот преоден рок му пропадна трансферот во Рома.
Поради затегнатите односи со раководството на клубот, Милик сезонава не одигра ниту еден натпревар за Наполи.
Италијанските медиуми јавија дека неговиот менаџер пристигнал во Неапол на преговори со клупското раководство, додавајќи оти шансите да издејствува пониска откупна клаузула за Милик се многу мали
Полјакот дојде во Наполи во летото 2016 година од Ајакс за 35 милиони евра, а за неговите услуги се заинтересирани Јувентус, Атлетико Мадрид, Тотенхем и Евертон. (МИА)