Откриено е што му прават на Шумахер, и тоа од неговиот дом.
Легендарниот возач на Формула 1, Михаел Шумахер претрпе тешка повреда на главата при скијање во Франција пред седум години.
Оттогаш не е во јавноста и ретко протекува каква било информација од неговиот дом каде се лекува долги години.
Во последно време, информации за медиумите даде неговиот добар пријател, еден од ретките кој сè уште има право да го види – Жан Тод.
Тод е претседател на ФИА и поранешен соработник на Шумахер, кој исто така не открива премногу, но кога ќе каже нешто, најчесто ја протресува планетата. Така беше и овој пат. Тод откри дека Шумахер се лекува со методи кои би можеле да го вратат во нормален живот по седум години?!
-Јас сум многу дискретен по ова прашање, но … Михаел имаше сериозна несреќа, што остави длабоки последици. Оттогаш, тој беше третиран на таков начин што би можел еден ден да се врати во нормален живот, рече Тод.
Синот на Михаел, Мик Шумахер, следната сезона ќе вози Формула 1 за Хас, а Жан Тод и тоа го прокоментира.
-Тој беше шампион во Формула 2 и Формула 3, така што ова е логичен чекор. Тој е многу талентиран, а ова е нов предизвик. Од него не треба да се очекува чудо, бидејќи ако има болид на ниво на овогодинешниот, ќе има резултати слични на оние на Грожан и Магнусен. „Се надевам дека повеќе болиди ќе можат да се приближат до Мерцедес во следните години“, рече Тод.