Околу 20 проценти од луѓето заразени со Ковид-19 доживеале проблеми со менталното здравје како што се депресија, анксиозност или деменција. Податоците објавени цо истражување објавено во медицинскиот портал „Лансет“, покажуваат дека вкавите проблеми се појавуваат претежно во рок до три месеци по дијагностицирањето на Ковид-19.

Научници ги анализирале медицинските досиеја на над 69 милиони луѓе, вклучувајќи 62.000 лица со Ковид-19.

Според нив, инфекцијата со Ковид-19 може да предизвика голем број психолошки проблеми кои не произлегуваат само од стресот на пандемијата, туку и од влијанието на болеста врз организмот.

Наодите од студијата откриле дека шест проценти од возрасните луѓе погодени од Ковид-19 го покажале првиот психолошки стрес во рок од 90 дена. Во меѓувреме, ваквата загриженост влијае кај само 3,4 проценти од луѓето кои не биле заразени со Ковид-19.

Со други зборови, луѓето погодени од Ковид-19 имаат двојно поголема веројатност да доживеат промени во расположението или анксиозни нарушувања за прв пат во животот.

Постарите лица со Ковид-19 имале два или три пати поголема веројатност да развијат деменција.

Истражувачите велат дека луѓето на кои им било дијагностицирано психијатриско нарушување во 2020 година и се заразиле со Ковид-19 имале 65% поголема веројатност да страдаат од деменција.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.