Покрај Кремљ и Црвениот плоштад и сè друго што го краси главниот град на Русија, за повеќето, првата асоцијација на Москва е оваа црква.

Ова архитектонско чудо е изградено во средината на 16 век, а градбата била вистински подвиг. Во тоа време, тоа била највисоката зграда во градот, а помогнале и советите од Италија за нова техника на ѕидање.

Црквата Свети Василиј ја покажала моќта на Русија, која по крајот на војната и според легендата, која живее до денес, ужасниот руски цар Иван Грозни наредил архитектите на ова дело да бидат ослепени, за никогаш повеќе да не можат да создадат ваква убавина.

Instagram

Со оглед на тоа што идентитетот на архитектите не може да се потврди скоро пет века подоцна, легендата може да биде вистинита. Сепак, денес се смета дека архитектите познати како Барма и Посник Јаковљев се одговорни за црквата Василиј Блажен, при што многумина веруваат дека всушност станува збор за една личност и дека Барма е прекарот што го носeл Јаковлев, пишуваат на страницата „Pun kufer“.

Зградата, официјално позната како катедрала Покровски, на повеќето сè уште им е позната како црква Свети Василиј Блажени. Се состои од познати 10 куполи, секоја од различни бои – сина, зелена, црвена, жолта

Instagram
Instagram

Таа е добро позната во светот по својот изглед од бајките, а годишно истата привлекуваат околу 400.000 туристи. Со текот на времето, ова здание има претрпено значителни промени и реставрации, но исто така успеваа да го преживее нападот на Наполеон во 1812 година. Исто такa и покрај ужасните предвидувања, Сталин не се осмелувал да го собори. Сепак, црквата ја сменила својата намена во 1928 година, па така до 1990 година таа всушност била музеј, а дури потоа била обновена нејзината првична намена.

Instagram
Instagram

И тогаш и денес куполите биле најголемиот шарм на оваа црква. Иако сега се насликани, а катедралата е црвена, се претпоставува дека по нејзината изградба била бела со златни куполи. Сепак, 17 век го донел денешниот изглед, но и денес, поради недостаток на документи, историчарите не можат да го потврдат тоа со сигурност.

Се разбира, заедно со Кремљ и Црвениот плоштад, катедралата била призната и од УНЕСКО, како дел од светско наследство.

Преземено од Еспресо.мк