Веднаш по смртта на Диего Марадона, аргентинското обвинителство отвори истрата и досега најде низа пропусти во лекувањето на легендарниот фудбалер.
Прво неговиот личен лекар беше на распит кај обвинител, а притоа му беше запленета целата документација како и компјутерите, а сега на ред дојде и возачот.
Станува збор за Максимилијан Тримаки (44) кој сведочеше дека не бил во куќата кога починал Марадона, но безбедносните камери и податоците од мобилните теледони покажуваат поинаку.
Утврдено е дека Тримаки лажел и засега не се знае зашто го сторил тоа, иако неговата работа не е само да биде личен возач за Марадона. Тој исто така бил и сметководител на братот на славниот фудбалер и во исто време се грижил за неколку негови бизниси.
Поради лажниот исказ, извршен е претрес во неговиот стан и се одземени телефоните и компјутерот бидејќи е приметен на безбедносните камери дека неколку пати доаѓал во куќата на Марадона.
Претходно беше утврдено дека лажела и медицинската сестра која го оставила Марадона неколку часа без надзор.
Се зголемува бројот на осомничени за смртта на Марадона, и психијатарот на распит
Обвинителството исто така запленило шест компјутери и таблети на сите лекари кои се грижеле за здравјето на „Ел Пибе“.
– Ќе ги бараме сите досиеја, документи, имејлови кои се однесуваат на лекарскиот третман на Марадона за да ги споредиме доказите кои ги добивме од мобилните телефони – изјави еден од обвинителите кои работат на случајот.
„Оле“: Условите во домот на Марадона не биле соодветни, тој не заслужи вакво нешто!
Марадона пред смртта се исповедал пред свештеник: Барал прошка за бурниот живот