Манчестер сити вчеравечер имаше нов кикс во Премиер лигата, одигра само 1:1 со ВБА, претпоследниот тим во Премиер лигата.
Менаџерот на „граѓаните“ во завршницата од натпреварот со ВБА имаше расправија со четвртиот судија Ентони Тејлор и тоа во моментите кога требаше да се покаже за колку време ќе се продолжи натпреварот. Кога слушна дека натпреварот ќе се продолжи за четири минути, Гвардиола полуде и во еден момент дури се обиде да го запре судијата да покаже уште колку ќе се игра натпреварот.
Pep Guardiola’s not a fan of the injury-time added on…#PLonPrime #MCIWBA pic.twitter.com/LS8EolrCyx
— Amazon Prime Video Sport (@primevideosport) December 15, 2020
– Му реков дека четири минути се премалку. Габриел Жесус лежеше на теренот три минути, имаше шест измени и нивниот голман на секој прекин крадеше по 30 секунди. Мислам дека поради тоа мојот гнев беше оправдан, очекував повеќе минути во судиското продолжение – изјави Гвардиола.
Фудбалерите на Манчестер сити и во продолжението имаа можност да постигнат гол, имаа две одлични шанси но на голот на ВБА блескаше Сен Џонстон.
Според најдобриот стрелец во историјата на Премиер лигата, Алан Ширер, проблемот не е кај Гвардиола туку на друго место.
– На Сити му недостасува напаѓач, Агуеро и понатаму е фантастичен но често е повреден. Тој во секое време може да постигне по 20-тина голови по сезона но тоа не е доволно. Потребен е нов напаач, некој помлад кој нема да се повредува и може да дава 30-35 гола по сезона. Мислам дека идното лето Сити со сите сили ќе се насочи кон ангажирање на врвен напаѓач бидејќи таков не може да најде во јануари – изјави Ширер.