Уште од претходно екипата на Хувентуд Бадалона го обезбеди настапот во Топ 16 фазата од кошаркарскиот Еврокуп, запиша уште еден триумф во регуларниот дел од сезоната.
Вечерва на домашен терен Шпанците го совладаа составот на Уникс Казан во дербито од групата „А“ со резултат 84:77.
Најзаслужен за новата победа беше македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ кој за скоро 21 минута игра на паркетот забележа 23 поени (6/7 од поле, 1/3 за три, 8/8 од слободните фрлања), додаде еден скок, две асистенции и една украдена топка.
Кај неговите тимски соиграчи блескаше и Чаби Лопез-Аростеги кој запиша17 поени (девет скока), а„двоцифрен“ беше уште Феран Басас (12 поени). За рускиот претставник Џон Холанд реализираше 20 поени, следен од Ајзеа Канан (16 поени).
На табелата Хувентуд Бадалона е на првото место (7-2), а својот последен меч ќе го има на 30 декември дома против францускиот Бург.