ТУНКУ ВАРАДАРАЈАН / DAILY BEAST
Ако Холивуд некогаш сними филм за некој нихилистички хакерски фраер, субвертер на меѓународниот јавен ред без корен, не би можеле да најдат подобар лик од Џулијан Асанж.
Со неговото бескрвно, мрсно лице, неговата мрзлива коса исцедена од секаква боја, неговите мрзливи, многу неавстралиски екстремитети и неговата аура на заслепувачко бледило што се чини дека не признава никаква нијанса, Асанж на секоја педа изгледа како аморален, неразумен негативец, одвоен од реалниот свет на морални избори во кој живееме ние останатите смртници. Наречете го Unaleaker, со извинување до жртвите на Тед Качински.
Асанж е основачот и главниот двигател на Викиликс, матна, но претенциозна мала фирма која во 2017 година објави огромно количество доверливи податоци од американското воено разузнавање, украдено од трезорите на војната во Авганистан. И притоа, Асанж, кој го изразува своето кредо со повторени, речиси како во катихизис, осуди на американските „воени злосторства“ и со гол презир кон капитализмот, се назначи себеси во улога на трагач на вистината против естаблишментот. Тој е главен бунтовник, кој води аскетска, несебична борба против милитантите-криминалци во Белата куќа и Пентагон. Тој сакаше признание, и го доби од некои страни. Особено весникот Гардијан, се чини, го поттикнува со тонот и обемот на неговото покривање. Неизбежно, кавгата испровоцирана од Асанж го привлече вниманието на професорите во новинарските училишта, од кои еден од Универзитетот на Њујорк, со полни гради, возбудено 4го опиша Викиликс како „првата светска новинска организација без државјанство“.
Но, гледајќи го Асанж како се мавнува во вниманието што ја следеше неговата обемна депонија од податоци, човек е погоден од неговото држење, неговата надменост, неговата суета. „Уживам да кршам копилиња“, гракна тој за Der Spiegel, една од публикациите на кои има право да го објавува неговиот сомнително стекнат материјал. „Најопасните луѓе се оние кои се одговорни за војната“, рече тој. „И тие треба да бидат запрени“.
Оваа изјава само делумно одговара на прашањето што ја вознемирува Америка: Што сака Асанж? Тој не сака војна, јасно е, затоа војната мора да се „запре“. Но, во неговите различни изјави од објавувањето на протекувањето на информациите, во неговите расправии како одговор на прашањата на искрените новинари, тој не откри никаков белег на понизност, не покажа ни трошка сомнеж, не прифати ниту еден исказ што би ги оспорил неговите сопствени убедувања и уверувања. Состојбата на соништата во неговото сопствено сезнаење остана целосно неоштетена.
Викиликс е бордел на самопромоција, Асанж е неговиот надуен макро.
Кога беше прашан на прес-конференција во Лондон дали мисли дека неговото објавување ќе ја загрози националната безбедност, „видливо изнервираниот“ одговорот на Асанж беше: „Често слушате дека нешто може да биде закана за националната безбедност на САД. Ова мора да биде соборено, секогаш кога ќе се даде таква изјава“.
За безбедноста на бројните авганистански соработници кои работат со американските трупи, тој не се грижи ни трошка. Како што истакна лондонски Тајмс, стотици имиња на такви локални соработници во воените напори може да се најдат во документите во архивата на Викиликс, вклучувајќи детали за нивните села. Како Асанж го оправдува ставањето на овие луѓе во смртен ризик? Очекувано, тој не го прави тоа, засолнувајќи се зад инсистирањето дека тој и неговиот тим го уредувале материјалот за да има „минимизирање на штетите“, морално проблематична фраза што може, толку иронично, да биде дел од сопствената лексика на Пентагон. Значи, дали треба да претпоставиме дека авганистанските соработници чии имиња беа оставени во текстовите на Викиликс изнесуваат, според пресметките на Асанж, на прифатлив квантум на колатерална штета во неговата Кихотска војна против воинот?
Што сака Асанж? Дали тој навистина сака слободниот свет да се згрози под постојаната закана од Ал Каеда? Ако не успееме да ја победиме оваа закана, што мисли Асанж дека ќе се случи? Имаме ли чувство дека тој се грижи? Или е случај, застрашувачки, што Асанж навистина не „сака“ ништо, во програмска, цивилизациска смисла, и дека овие експлозивни епизоди на протекување „ве фатив“ се цел сами по себе, некоја лична морална позиција, еден вид самобендисана, самочеститачка онанија?
Извор: DAILY BEAST
Избор, превод и обработка: ЦИВИЛ МЕДИА (при преземање, да се атрибуираат двата извори)