Најуспешен македонски клуб на турнирот кој се одржа во Јагодина е Шампион кој освои девет медали, од кои три беа златни.
Македонските кикбоксери остварија одлични резултати на меѓународниот турнир „Балкан Бест Фајтерс“ кој се одржа во Јагодина, Србија, освојувајќи 31 медал, од кои 10 се златни, шест сребрени и 15 бронзени.
Најуспешен македонски тим на „Балкан Бест Фајтерс“ на кој учествуваа кикбоксери од клубови и од Бугарија, Србија, Црна Гора, Молдавија и БиХ, е клубот Шампион со девет освоени медали и тоа три златни, два сребрени и четири бронзени.
Во време на пандемија на коронавирусот во едно од ретките меѓународни кикбокс натпреварувања оваа година, македонските кикбоксери од 11. клуба кои настапија на „Балкан Бест Фајтерс“ со своите борби покажаа дека секогаш може да се очекува добар настап и освојување на медали.
– Ќе освоеме многу повеќе медали доколку нашите кикбоксери немаа лимитирани услови за вежбање во време на пандемијата на коронавирусот. Многу малку се вежбаше во сала но тие услови ги диктираше коронавирусот. Многу повеќе се вежбаше на отворено. Исто така, неможноста сите наши кикбоксери да имаат спаринзи со повеќе противници е една од причините зашто не освоивме повеќе медали, едноставо е многу тешко кикбоксерите бидејќи се навикнуваат на едни противници. Но, да не бараме премногу мани бидејќи како беше за нас така беше и за останатите. Ова е добар пласман за сите наши кикбоксери бидејќи сите клубови кои настапија во Јагодина освоија медали – вели Дејан Митровски-Урко претседател на Кикбокс Маитаи федерацијата и селектор на кикбосерите кој за овој турнир направи потег за респект:
– Одлучивме сите клубови да патуваат на сметка на Кикбокс Маитаи федерацијата за да ги поттикнеме клубовите и кикбосерите, да им дадеме дополнителен мотив и поддршка во овие тешки времиња за сите.
Македонските кикбоксери кои беа дел од турнирот во Јагодина, освен што освоија грст медали, тие и максимално совесно ги почитуваа и мерките за заштита од коронавирусот.
Сите учесници постојано носеа маски, бил избегнуван контакт доколку е неизбежен, кикбоксерите се изолирале на дел од трибините и никој од учесниците не е заразен откако се вратија во Скопје.
– Ние како Федерација ја следиме здравствената состојба на нашите натпреварувачи и засега немаме никакви проблеми, никој нема симптоми и тоа е исто така голема работа – додава претседателот на Митревски-Урко кој се надева дека состојбата со коронавирусот ќе се стабилизира наредната година за да може Федерацијата и кикбоксерите почесто да настапуваат на натпреварувања и турнири.
– Оваа година поради пандемијата не бевме во можност да ги реализираме нашите планови и цели како на меѓународен така и на домашен план. Но, сепак, не седиме со скрстени раце, постојано работиме за да ставиме федерацијата на нозе, да го зголемиме попупарноста на Кикбокс Маитаи федерацијата, да работиме на маркетингот и се надсеваме дека состојбата со коронавирусот ќе се стабилизира и ќе можеме нормално да функционираме. Се споивме со Маитаи и сега сме во една федерација, а другата година треба и клубовите и кикбоксерите да ги почувствуваат ефектите од работата и да бележиме уште нови успеси на меѓународен план. Календарите на ВАКО и на ИФМА се познати, но сепак се ќе зависи од коронавирусот – додава првиот човек на Кикбокс Маитаи Федерацијата, Дејан Митревски-Урко.
ВАКО Кикбоксинг примен на Европските Олимписки игри 2023
Европските олимписки игри во 2023 година добија нов член во семејството, ВАКО Федерацијата.
„Полека но сигирно, нашите цели и идеали за влез во олимпиското семејство стануваат реалност! Со среќа“, соопшто ВАКО Федерацијата.