Состојбата во Барселона е толку алармантна да фудбалерите повеќе не комуницираат меѓу себе додека се на теренот и тој податок ги шокирал играчите на Леванте за време на неделниот натпревар во Ла Лига.
Каталонскиот весник „Спорт“ пишува дека фудбалерите на Леванте останале во шок бидејќи Куман и неговите играчи на теренот воопшто не комуницирале.
– Тие не разговараа меѓу себе на теренот. Само минимална коминукација помеѓу одредени играчи, но тоа беше се – изјави анонимен извор од Леванте за „Спорт“.
Истиот извор наведува дека е видливо незалагањето на играчите на Барселона, односно помалку трчаат, но и дека хемијата помеѓу нив е на многу ниско ниво.
– По натпреварот во тунелот владееше целосен молк. Ниту збор задоволство за тоа што победија, навистина беше чудно.
Актуелната состојба во Барселона најдобро ја отсликува целата сезона на каталонскиот клуб кој не освои ниту трофеј во 2020 година, а згора на тоа на тимот се наоѓа во огромни финансиски проблеми.