Беневенто и Јувентус ќе играат утре од 18:00 часот во рамките од 9. коло во италијанската Серија А.

Тренерот на Јувентус, Андреа Пирло донесе одлука да го одмори Кристиано Роналдо, па Португалецот нема да патува на овој дуел.

Добра вест за Пирло е што се враќа Леонардо Бонучи додека одмор може да добие и Бразилецот Данило. Џорџо Киелини и Марих Демирал се уште не се во комбинација за настап.

Место Роналдо во нападот прилика би требало да добие Паоло Дибала или Дејан Кулушевски. Некој од нив двајца ќе биде во тандем со Алваро Мората.