Зголемување на платите од 30% бара независниот Синдикат за здравство, фармација и социјална заштита. Иако во јавниот здравствен сектор има околу 21 илјада вработени, тие се поделени во 8 категории. За првата половина од нив, тие се договориле со властите за тоа како да се пресмета зголемувањето на платите. Раководството на овој Синдикат денеска одржаа средба со претставници на Фондот за здравствено осигурување, на која се разговараше за коефициентот на плати, така што меѓу овие категории на хигиенски персонал, технички персонал, возачи на брза помош, медицински сестри и лекари да нема незадоволство во усогласувањето на платите. Согласно методологијата предложена од Синдикатот за секоја категорија ќе има зголемување врз основа на коефициентот од 2.111 единици и разликата ќе биде прифатлива.

Неофицијално се дознава дека поради финансиските импликации зголемување од 30% согласно Законот за буџети нема да може да се реализира во здравствениот сектор, но во наредните денови се очекуваат нови средби на лидерите на овој синдикат со работната група за усогласување на коефициентите на сложеност. Тие се надеваат дека ќе најдат решение преку дијалог за да го избегнат планираниот протест во септември.

Согласно новиот Општ колективен договор со септемвриската плата, сите вработени во јавниот сектор ќе добијат 10% зголемување на платата, регрес за годишниот одмор познат како К-15 ќе добијат 10.000 денари. Во секторот јавно здравство, почнувајќи од хигиенскиот кадар, ќе има зголемување од 2.017 денари, а докторите специјалисти ќе добијат зголемување од 7.700 денари, додека специјалистите во државните клиники ќе добијат дополнителни 9.000 денари. Потсетуваме дека овој Синдикат беше меѓу најгласните во текот на преговорите во Социо-економскиот совет за зголемување на платите во јавниот сектор и цврсто порачаа дека доколку не се исполнат нивните барања, може да стапат во генерален штрајк.