Македонскиот претставник Шкупи го победи литванскиот тим Хегелман со убедливи 0:5 во првиот натпревар од квалификациите во Конференциската лига. Триумфот чаирчани го посветија на Валид Хамиди, алжирскиот интернационалец кој не доби влезна виза за Литванија.
„Не сакаме политика во фудбалот, фудбалот е убав во сите бои, само со својот јазик и својата религија. Оваа победа ја посветуваме на нашиот фудбалер Валид Хамиди, играчот на кого не му беше одобрена виза за Литванија“, истакнаа од Шкупи по синоќешниот триумф.