Познати се првите полуфиналисти на Голд Купот кој се игра под покровителство на КОНКАКАФ, а во организација на Соединетите Американски Држави и Канада. Место меѓу четирите најдобри обезбедија селекциите на Мексико и Панама.
Панама одигра доминантно против Катар и на крај славеше со убедливи 4-0. Победникот на оваа средба беше решен на стартот од вториот дел кога Исмаел Диаз постигна хет-трик за само девет минути (56. 63. и 65 минута). Претходно, мрежата на Катар ја затресе Барсенас во 19. минута.
Мексиканците во полуфиналето се пласираа благодарение на славјето против Костарика со 2-0. Водство донесе Пинедо од пенал во 52. минута, а точка на натпреварот стави Санчез во 87. минута. Мексико ќе игра против подобриот од мечот меѓу Гватемала и Јамајка, додека Костарика го чека победникот од дуелот помеѓу Соединетите Американски Држави и Канада.