Кинескиот тенисер Јибинг Ву, колабираше на мечот со Френсис Тијафо, кој aмериканецот го доби со 7:6, 6:3, 6:4.
Во текот на првиот гем од вториот сет, 23-годишниот Ву колабираше на теренот, жалејќи се на проблеми со дишењето. Докторите пристигнаа и беа шокирани од непосредните симптоми на тенисерот. Според „ЕСПН“, пулсот на тенисерот бил 187. Како резултат на тоа, беше утврдено дека таквата висока фреквенција на срцеви удари е карактеристична за организмот на Јибинг Ву при оптоварување.
Почетниот лекарски тајмаут од три минути беше продолжен на 15 минути, а потоа кинескиот играч во добра состојба го продолжи учеството на натпреварот. Сепак, тој не успеа да го покаже истото ниво како во првиот сет.