Франк Кеси најверојатно ја напушта Барселона и заминува во Саудиска Арабија. Играчот од средниот ред има две понуди од саудиски клубови и сака да си замине бидејќи е незадоволен од статусот кај тренерот Чави.
Кеси минатото лето пристигна во Барселона како слободен играч од Милан и одигра вкупно 1.797 минути. Со доаѓањето на Илкај Гундоган ќе му биде намалена минутажата, а по разговорот со Чави реши да го напушти клубот. „Мундо Депортиво“ пишува дека за него интерес покажале Ал-Наср и Ал-Хилал. Му нудат неколкукратно поголема плата од таа што ја има во Барселона, а каталонскиот клуб бара 20 милиони евра обештетување.
Саудијците во моментов нудат околу 15 милиони евра, но сите се убедени дека богатите саудиски клубови наскоро ќе се договорат со Барселона околу висината на обештетувањето. /Makfudbal/