Килијан Мбапе одлучил да го напушти ПСЖ, подготвен да разгледа и друг понуди, тврди „Марка“. Услов за да се согласи на трансфер е некој да му понуди годишна плата од 50 милиони евра. Поточно, тој бара околу 250 милиони за петгодишен договор и тоа е услов за сите заинтересирани, вклучувајќи го и Реал. Наводно тоа им го соопштила на заинтересираните клубови неговата мајка Фаиза која ги води преговорите. Луѓето од Реал на челот со првиот човек Флорентино Перез биле шокирани од кога слушнале што бара фудбалерот.
Реал нема намера летово да го доведат Мбапе, поточно да платат отштета за Французинот, ќе се обидат да го ангажираат следната сезона кога ќе биде слободен играч. Исто така, како што тврди „Марка“, Реал нема намера да да го плаќа Мбапе 50 милиони евра по сезона. На „Сантијаго Бернабеу“, сметале дека Мбапе премногу размислува за пари и веруваат дека мора да прифати намалување на платата во однос на таа што ја има. во Париз, за да го облече белиот дрес.
Тоа практично значи дека не можел да смета ниту на сегашните 45 милиони (со бонуси) што ги има во Париз. Дали тоа значи дека Мбапе нема да пристигне во Мадрид, тешко е да се каже, особено што Перез не пропушта такви шанси. Првиот човек на „Лос Бланкос“ е креативен кога е во прашање постигнувањето договор, па би можел да најде некој друг начин како да ја надомести разликата меѓу она што го бара фудбалерот и она што е подготвен да го понуди клубот.
„Марка“ тврди и дека Реал нема да ангажира ниту еден напаѓач наместо Бензема, поточно некое големо име, пристигна ветеранот Хоселу и тоа ќе биде се кога е во прашање споменатата позиција.