Капитенот на Лутон, Том Локјер, историскиот пласман на својот тим во Премиер – лигата го прослави во болница. Тој колабираше на теренот на „Вембли“ во првото полувреме од баражот за пласман во Премиер-лигата против Ковентри и веднаш беше префрлен во болница.
Медицинскиот тим реагираше веднаш по немилата случка, го подигна Локјер и потоа веднаш го однесе на дополнителни тестови.
Велшанецот веќе беше во многу подобра здравствена состојба кога се решаваше дуелот, ги гледаше пеналите од болничката соба и се израдува на огромниот успех на Лутон.