Македонскиот репрезентативец Енис Барди ја игра својата прва и последна сезона во Турција. Тоа веројатно станува јасно по повеќедневните пишувања на турските медиуми, кои навестуваат дека агентот на нашиот фудбалер веќе активно бара нов клуб за играчот за врска.
Барди оваа сезона одигра 38 официјални меча за Трабзонспор во сите натпреварувања на кои постигна 5 гола, но не е задоволен од минутажата која ја доби во клубот. Тој побарал од агентот да му најде нов клуб, а според некои извори блиски до Трабзонспор голема е веројатноста Барди да се врати во Шпанија, од каде и се преслеи во Турција.
Наводно, неколку шпански клубови се заинтересирани за нашиот креативец, а преговорите со дел од нив веќе се започнати./Sportmedia/