Езџјан Алиоски до крајот на сезоната ќе настапува во Галатасарај, а потоа треба да се врати во Ал-Ахли во Саудиска Арабија. Сепак, постои можност турскиот тим да го откупи од саудијците, но постои еден важен услов.
Турските медиуми открија дека платата на Алиоски во Ал-Ахли изнесува 3,3 милиони долари, но Фенер плаќа само 25% од неговата плата, додека другите 75% ги плаќа тимот со кој играчот е под договор. Исто така кажуваат дека условот за Алиоски да остане дел од Фенер, е да се откаже од толку големата плата. Во случај да не го прифати, гигантот од Истанбул нема да испрати понуда до Ал-Ахли, и ќе го врати македонскиот играч на овој тим.
Алиоски има договор на позајмица до крајот на сезоната, без откупна клаузула. Во неколку наврати се шпекулираше за негово враќање во Саудиска Арабија и предвреме, но на крајот остана до крајот на сезоната, а неговата иднина ќе се решава во следните неколку недели. Иако има мали, сепак, Фенербахче и натаму има шанси за титула во турскиот шампионат./Ekipa/