Фудбалската Aсоцијација на Англија почна истрага против менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп поради испадите на дуелот со Тотенхем и неговите коментари кон судијата Пол Тирни. Во изјава по мечот, Клоп го нападна судијата Тирни, а потоа и менаџерот на Тотенхем, но и недолично го славеше четвртиот гол.
Менаџерот на Ливерпул има рок до 5. мај да даде изјава во која ќе објасни зошто го сторил тоа. Меѓутоа Клоп нема да се гони за изјавите кон тренерот на Тотенхем, туку само кон судијата.
„Коментарите дадени од службено лице по натпреварот преставуваат недолично однесување бидејќи укажуваат на пристрасност и го оспоруваат интегритетот на судијата и се лично навредливи“, стои во соопштението на ФА.