Во кумановско Слупчане беше одбележан почетокот на битката на ОНА. Денешниот 2 мај собра многумина во меморијалниот центар на гробиштата на загинатите борци, но малкумина од нив беа присутни тука во 2001 година, кога овој регион беше прогласен за слободен… Решението на политичко-правниот статус на Албанците во Македонија и 22 години потоа не се реализира, иако тоа беше главниот идеал на борбата, велат од Организацијата на воените ветерани на ОНА, јавува Алсат.

Претседателот Бесим Хода критикува дека ДУИ, која произлезе од ОНА, никако да го регулира статусот на воените ветерани и семејствата на загинатите борци.

„Бранителите во рок од 22 години неколкупати ги остварија своите права со уставни измени или дополнителни членови. Македонски воен инвалид добива 1.500 евра, за секој загинат борец семејството добива 800 евра, а нивните деца по 150 евра, со што се стигнуваат до дебела плата. Она што е поигнорантно и поболно е дека освен што никогаш не се направи сериозен обид да се реши статусот на ветераните на ОНА со закон, семејствата на паднатите и воените инвалиди, туку до ден денес во Уставот на Македонија, земајќи директно од југословенскиот законодавен дом, ние се третираме како терористи и криминалци“, рече Хода.

Хода вели дека најголеми профитери од конфликтот се Али Ахмети и неговите политички експоненти кои и понатаму имаат корист од крвта на паднатите борци. Хода упати апел и до Артан Груби и неговите соработници да не ја валкаат ОНА со скандирања по митинзите.

„Целиот национални напор го претворија во лични и материјални интереси, инволвирани во политички субјекти, денес уживаат огромни придобивки со платите што ги добиваат, со корупцијата што гази врз крвта на нашите сограѓани паднати борци и инвалиди, а тие се амнестирани. Одат на разни манифестации за да цицаат чиста крв од паднатите борци и да ги мамат нивните семејства со букет цвеќе или со спомен академија што сега повеќе им се дава на живите или оние што паднале по војната отколку на хероите кои се жртвуваа на фронт“, додава Хода.

Воените ветерани велат дека не се откажуваат од барањето за решавање на нивниот статус и за правата кои сега ги уживаат не само Албанците, туку и другите помали малцински заедници во Македонија.