Фудбалерите на Фросиноне трет пат во клупската историја изборија место во Серија А. На домашен терен тие ја совладаа Реџина со 3:1 во натпреварот од 35. коло во Серија Б, со што на три кола до крајот на сезоната стекнаа недостижна предност пред третопласираниот Бари.
Директен пласман во Серија А за следната сезона ќе изборат двете првопласирани екипи од Серија Б, додека во дополнителни квалификации ќе одат екипите кои ќе завршат меѓу третото и осмото место во лигата. Со победата против Реџина, Фросиноне стигна до учинок од 71 поен, додека Бари претходно во понеделникот одигра 1:1 против Цитадела и остана на 61 поен.
Втората Џенова која има 67 бода е во добра позиција, по една сезона играње во втората лига да се врати во Серија А. Фросиноне одигра само две сезони во друштво на најдобрите досега. И во двете сезони 2015/16 и 2018/19, Фросиноне веднаш испаѓаше од Серија.