Светската тениска асоцијација (АТП) одлучи од 2025 година да нема линиски судии на турнирите во нивната организација. Сè ќе биде електронски, а на теренот покрај играчите и собирачите на топчиња, ќе биде уште само главниот судија.
„ELC live“ кој ја детектира патеката на топката првпат беше претставен во 2017 година на завршниот турнир „NextGen“. Линиските судии се вработуваат драстично помалку од почетокот на пандемијата на коронавирус, за да се намали бројот на луѓе на теренot.
Електронскиот систем главно се користи на тврди терени, но АТП најави дека во иднина ќе се користи и на земјена подлога. Одредени турнири, како Ролан Гарос, сè уште одолеваат на промените, па ангажираат линиски судии, чии одлуки лесно може да се проверат поради трагата што ја остава топката.
„Ова е важен момент за нашиот спорт, не е момент во кој стигнавме без внимателно размислување. Традицијата е суштината на тенисот, а линиските судии играа важна улога низ годините. Сепак, ние имаме одговорност да ги прифатиме иновациите и новите технологии“, рече Андреа Гауденци, директор на АТП./Makfax/