Фудбалерите на Шефилд Јунајтед изборија пласман во Премиер лигата, но нивниот сопственик, принцот Абдула бин Мусаид планира да го продаде клубот. Саудискиот принц склучил договор со нигерискиот бизнисмен Дози Момбуоси пред Божиќ, со што би добил 115 милиони фунти.
Сепак, сопственикот на клубот сега бара други купувачи и се надева дека пред почетокот на сезоната ќе биде познат новиот газда.
„Ако дојдеме до одлука, сакам да биде пред подготовките за следната сезона, за да не се одрази на тимот. Ако сме во клубот, ќе го водиме најдобро што можеме. Мојата намера е да се продаде, но ништо не е загарантирано“, изјави Мусаид.
Шефилд по две сезони поминати во Чемпионшип се враќа Премиерлигата, а потврда за нивниот квалитет оваа сезона беше ФА Купот каде во полуфиналето беа елиминирани од Манчестер Сити.