Фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров најавија дека натпреварот од 29. коло на Првата македонска фудбалска лига против Скопје ќе го одиграат на друг стадион.
Поради реконструкција на тревата на теренот „Ѓорче Петров“, овој тим против градскиот ривал ќе се судри на тренинг центарот при ФФМ, „Петар Милошевски“. Дуелот е на програмата во среда, во 16:00 часот, заедно со останатите натпревари од оваа вонредна рунда.
„Лавовите“ во ПМФЛ се на шестата позиција, безбедни и без реални шанси да бркаат место во Европа. Од друга страна Скопје е претпоследен и гледа кон баражoт, бидејќи Академија Пандев има четири бода предност.