Кошаркарите на Минесота, по продолжението, го совладаа Денвер Нагетс со 114-108 во четвртиот натпревар од првото коло на НБА плеј-офот на Западната конференција и го намалија резултатот во серијата на 3-1. Нагетси во финишот од мечот со серија од 12-0 ја надополнија големата негатива и обезбедија продолженија, но не успеаја да остварат триумф со кој ќе го исфрлеа ривалот и ќе се насочеа кон обврските во конференциското полуфинале.
На тимот од Колорадо не му помогна ниту одличното издание на Никола Јокиќ, кој мечот го заврши со 43 поени, 11 скока и 6 асистенции. Српскиот центар го израмни рекордот на франшизата по број на натпревари во плеј-офот во кои постигна 30+ поени, а претходно го држеше Алекс Инглиш.
Ентони Едвардс ја предводеше Минесота со 34 поени, 6 скока и 5 асистенции, а Мајк Конли додаде 19 со 8 асистенции. Во поразениот тим Џамал Мареј запиша 19 поени, а Мајкл Портер Јуниор 15. Петтиот натпревар е закажан за 26 април во Денвер во 03:00 часот по средноевропско време.
Кошаркарите на Бостон дојдоа на чекор до пласман во полуфиналето од плеј-офот на Источната конференција, откако во четвртиот натпревар во Атланта славеа со 129-121 и поведоа со 3-1 во серијата. Незапирливите Тејтум и Браун постигнаа по 31 поен, а тоа е речиси половина од вкупниот број на својот тим, Маркус Смарт застана на 19, а Дерик Вајт имаше 18. Во домашниот тим Тре Јанг запиша 35 поени, со 3 скока и 15 асистенции, додека Диандре Хантер го следеше со 27.