Грем Потер неславно ја заврши седму месечната авантура во Челси. Потер, по серијата лоши резултати, во неделата доби отказ. Потер го презеде Челси на 8 септември минатата година, кога помалку изненадувачки, новиот газда, Тод Боли, реши да го отпушти Томас Тухел.

Advertisements

Потер, како што тврдат англиските медиуми, во ниту еден момент ја немал поддршката од играчите. Тоа се рефлектираше врз формата и резултатите. Челси се 11. во Премиер лигата.

Сега веќе екс-менаџерот на Челси, по отказот доби понуда од Лестер. Истито ден кога Челси го отпушти Потер, отказ во Лестер доби Брендан Роџерс. Планот на Потер е да одмори барем до крајот на оваа сезона. Менаџерот на Потер експресно ја одбил понудата. Лестер е претпоследен со 25 бода, во минатото коло загуби од Кристал Палас со 2:1.

Прикажи повеќе