Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола изјави дека Ерлинг Халанд ќе биде подготвен за натпреварите со Баерн во четврт-финалето на Лигата на шампионите.

Advertisements

Халанд ги повреди препоните на тренингот на норвешката репрезентација, а ги пропушти и натпреварите против Шпанија и Грузија во квалификациите за ЕП 2024 година.

Гвардиола најави дека норвешкиот напаѓач најверојатно ќе биде во тимот на Манчестер Cити на следниот натпревар против Саутемптон.

Првиот натпревар од четврт-финалето на Лигата на шампионите меѓу Манчестер Cити и Баерн ќе се одигра на 11 април, а реваншот е осум дена подоцна во Минхен.

Прикажи повеќе