Сер Алекс Фергусон и Арсен Венгер беа големи ривали во Премиерлигата и оставија огромен белег во развојот на англиската фудбалска лига.

Advertisements

Во изминатите 30 години тие освоија вкупно 16 шампионски трофеи (13 Фергусон, 3 Венгер), па оттаму и апсолутно заслужен е нивниот избор во Куќата на славните на Премиерлигата како први двајца менаџери. Тие од денеска и официјално се дел од “бесмртните” во Премиерлигата.

Фергусон се повлече во 2013 година, а Венгер остана на кормилото на Арсенал до 2018 година, полни 22 години. Се очекува следни тренерски имиња во Куќата на славните да бидат и Пеп Гвардиола, Јирген Клоп и Жозе Мурињо.

Прикажи повеќе