НБА лигата објави дека кошаркарот на Мемфис Гризлис, Дилон Брукс е казнет со 35.000 долари бидејќи повредил еден од камерманите на натпреварот против Мајами Хит, кој се играше ноќта од среда кон четврток.
Мемфис го загуби тој натпревар со 138:119. Снимателот извесно време нема да може да работи.
Dillon Brooks was fined $35k for “the unsportsmanlike act of shoving a camera person on the sideline after pursuing a loose ball,” the NBA announced. pic.twitter.com/dPFLnzFFcc
— ESPN (@espn) March 17, 2023
Дилон Брукс стана најомразениот играч во НБА оваа сезона. Често влегува во непотребни конфликти на теренот, провоцира и прави валкани потези. Неговиот соиграч Џа Морант, најдобриот играч на Мемфис, доби суспензија од осум натпревари оваа недела затоа што објави видео на социјалните мрежи како мавта со пиштол во ноќен клуб.
И покрај сите овие престапи, младиот тим на Мемфис во плеј-офот ќе влезе од висока позиција. Моментално се третопласирани во Западната конференција со скор 42-27.