Вселенскиот телескоп James Webb направи фотографии од нешто што изгледа како шест масивни, древни галаксии, кои астрономите ги нарекуваат разбивачи на вселената затоа што нивното постоење може да ги поништи моменталните теории за космосот.
Галаксиите датираат од времето кога вселената била само 3% од својата сегашна старост и се далеку поголеми отколку што се претпоставуваше дека може да бидат галаксии кои се толку стари. Ако се потврди ова откритие, ќе се доведе во прашање разбирањето за тоа како настанале најраните галаксии.
Џоел Леја, доцент по астрономија и астрофизика на Државниот Ууниверзитет Пенсилванија и коавтор на оваа нова студија, вели дека овие објекти се многу помасивни отколку што се очекувал
„Очекувавме дека во овој момент ќе пронајдеме само мали, лади галаксии-бебиња, но не и големи галаксии како тие што ги откривме“ вели Леја.
Ова не се најстарите галаксии кои ги набљудува James Webb. Телескопот беше лансиран во декември 2021 година, а минатата година од неговите фотографии беа откриени четири галаксии кои датираат околу 350 милиони години после Големата експлозија кои тие се далеку помалки од новооткриените.
Пресметките покажуваат дека најновите галаксии имаат маса од десетина до стотина милијарди ѕвезди со големина на Сонцето, што ги става во ранг со Млечниот пат.