Кога треба да се појават пред камерите за да сечат ленти,  челниците на ДУИ се први, но кога на јавноста треба да и ги оправдаат инвестициите со сомнителни извори на пари, ден по објавувањето за Фабриката „МАЈА“ во Гари, Дебар, никој од ДУИ не сака да коментира, пишува Алсат.

“Здраво господине Груби, имаме кратко прашање?

Не, не. .Активноста ни започнува.

Како коментирате, сомнителни руски пари, од инвеститори промовирани од ДУИ?

Пријатен ден!”

 Прва институција која даде одобрение за почеток на инвестицијата беше Министерството за економија, предводено од функционери на ДУИ. Ваљон Сарачини и Крешник Бектеши ги дадоа потребните лиценци за пакување на скапоцената вода од изворот на дебарското село Гари. Започна како најава за голем бренд на вода што веќе се произведуваше во Хрватска, и се очекуваше да вработи 100 луѓе од сиромашна дебарска област.

Промоцијата на инвестицијата од над 10 милиони евра во јавноста ја објави ДУИ. Отворањето на фабриката во Гари, се случи непосредно пред предвремените парламентарни избори во 2016 година и главен гостин на настанот, и тој што ја пресече лентата заедно со Дашмир Абдија беше Али Ахмети. Со нив беше и хрватскиот адвокат на хрватско-руските олигарси Бранимир Којиќ, но партијата го криеше неговото присуство од јавноста.

Додека Али Ахмети и неговите блиски соработници ја сечеа лентата и собираа политички поени, во 2016 година Управата на финансиската полиција предупреди дека од сомнителни оф-шор дестинации се слеале милиони евра, со сомнеж дека главниот капитал доаѓа од Русија. Финансиската полиција изготвила информации и заклучоци и официјално ги доставила во февруари 2018 година до Обвинителството за организиран криминал, но ова никогаш не покренало истрага, чувајќи го  случајот во фиока. Откако случајот пак се  актуелизираше и по интересот од  ИРЛ и Алсат за овој случај, на 25 јануари, поточно пред два дена, Финансиската полиција по втор пат испрати информација до Обвинителството за организиран криминал и корупција. Обвинителите сега ќе треба да истражат дали преку  преку фабриката за вода Маја се переле пари  преку офшор компании од Кипар и Британските Девствени Острови.

„Осомничени се двајцата сопственици на фирмата МЛ-Гари, хрватски државјанин со македонски пасош и хрватски државјанин. Сопственици на македонската фирма МЛ Гари се Дашмир Абдија, по потекло од село Пирок, Тетово и Бранимир Којиќ, кој е адвокат и правен застапник на руските олигарси, кои тесно соработуваат со најблиски роднини на претседателот на Русија, Владимир Путин. Еден од нив е на списокот со санкции на британската влада. Освен компании во оф-шор области, обвинителството истражува и вмешаност на лице од Украина“- ИРЛ.

ТВ Алсат денеска го контактираше и Дашмир Абдија, кој не сакаше да зборува пред камера, но рече дека ќе се произнесе писмено.

Државната стратегија за привлекување странски инвестиции започна пред повеќе од 12 години, а ја промовираше владејачкиот двоец ВМРО ДПМНЕ – ДУИ. Требаше да донесат стабилност, европска и НАТО перспектива и работни места. Од 100 работни места ветени во Маја, едвај 20 се реализираа.