Македонската ракометна машка репрезентација со специјален чартер-лет летнa кон Краков, каде што утре ќе го почне настапот на Светското првенство (СП), кое годинава се игра во Полска и Шведска.
Избраниците на селекторот Кирил Лазаров прво ќе ги одмерат силите против Норвешка (21 часот), в недела ќе играат против Холандија (18 часот), а во вторник против Аргентина (18 часот).
Примарна цел за жолто-црвените е пласман во следниот круг во Катовице, за што ќе ни биде потребно да го избегнеме само последното место во прелиминарната група.