Раководството на Евролигата ги одреди домаќините на следните два Фајнл-фор турнири. Во 2023 година завршниот турнир ќе се игра во Каунас, Литванија, додека во 2024 година домаќин ќе биде Берлин, Германија.
Оваа година Ф4 се одржа во Белград, додека претходно Келн беше домаќин. Во 2020 година не се одржа поради пандемијата на коронавирусот.
Каунас за првпат ќе биде домаќин на завршницата на полуфиналните и финалните натпревари на најелитното кошаркарско натпреварување во Европа, додека Берлин последен пат беше во 2016. Претходно во главниот германски град се одржа и Ф4 во 2009 година.