Затоа, не е ни чудно што многу родители користат одредени методи за детето да порасне во успешна и среќна личност.

Advertisements

Како што пишува Daily News, постојат препораки до кои родителите треба да се придружуваат, а тие зависат од различни култури. Затоа, родителските стилови значително се разликуваат низ светот.

Дознајте какви родителски стилови има од Јапонија до Данска.

Во Јапонија децата од раѓање спијат во своја соба

Не постои пракса родителите во оваа земја да спијат во иста соба, а уште помалку во ист кревет со децата. Од самото раѓање ги ставаат во одвоена соба, а доаѓаат во неа само кога детето плаче за да го утешат.

Јапонците веруваат дека на детето му е доволно да му овозможат се што му треба, но треба да развие независност и самодоверба. Правило е во Јапонија децата да не ги бакнуваат или галат ако се постари од 7 години, бидејќи сметаат дека така премногу ќе ги разгалат. За нив, дисциплината е една од најважните работи во родителството.

Во Кина ги одвикнуваат од пелени додека се бебиња

Додека во повеќето земји низ светот децата се одвикнуваат од пелени на возраст од две или три години, во Кина  не е така. Родителите ги одвикнуваат децата од пелени и ги учат на самостојно вршење нужда уште на неколку месеци. Можеби звучи лудо, но децата се често „тренирани“ да вршат нужда кога ќе слушнат специфичен звук. Тоа по правило се случува веќе од шестиот, а најдоцна до деветтиот месец од животот.

Во Финска играта е поважна од училиштето

Децата во Финска тргнуваат на училиште кога ќе наполнат 7 години бидејќи се верува дека пред тоа се премногу млади за образование. Финците веруваат дека играта е поважна за детскиот мозок отколку учењето. Дури и кога се на училиште, фокусот е поставен на игра со врсниците, немаат тестирања, а поголем дел од програмата се базира на уметнички активности како пеење, цртање и танцување.

Во Данска бебињата чекаат надвор додека родителите седат во ресторан

Свежиот воздух е многу важен за малите деца, сметаат Данците. Бебињата остануваат да спијат надвор, во колички, додека нивните родители ручаат во ресторани или одат на шопинг.