Фудбалската репрезентација на Романија се соочи со неочекуван проблем, откако Романците беа извлечени во група со селекцијата на Косово, држава што не ја признаваат.
Фудбалската Федерација на Романија најави дека ќе побара мислење од Владата на Романија како да постапи во пресрет на овие натпревари, а не се исклучува ниту опцијата pоманците да не ги одиграат овие средби и да ги загубат со службени 3-0, но сигурно ќе повлече и дополнителни санкции од УЕФА
„Косово не е призната држава од многу земји, вклучувајќи не и нас. Ние никогаш не ја признавме независноста на Косово, фудбалската федерација ќе треба да води дискусии со владата, но и со други земји кои се во ситуации како нашата. Лично, мој став е дека не треба да играме со Косово, па макар и тоа значело службен пораз од 3-0“, изјави поранешниот Министер за надворешни работи, Теодор Мелескану.
УЕФА упорно инсистира на немешање на политиката во фудбалот и нема сомнеж дека реализацијата на ваквите закани на Романците би повлекла и жесток одговор од европската куќа на фудбалот./abcnews/