„Ние, АЛБАНЦИТЕ, заедно со Македонците, но и со другите, ја направивме и ја развивавме државата, во некои аспекти и повеќе од нив самите, од Македонците. Прифаќаат или не тие, с.Македонија не е само нивна држава. Претседателот на МАНУ академик Коцарев „повикува’ на отпор кон интеграциските процеси на земјата под изговор за зачувување на македонскиот идентитет, кој инаку не е загрозен. Академик Катица Ќулафкова изнесе предлог за создавање трета Албанска академија, но, ние можеме да се разделиме од МАНУ ВЕДНАШ без двоумење. Ја прифаќаме ‘фрлената ракавица’! Ние веќе сме докажале дека знаеме да направиме научни и образовни институции и подобро од нив!“ – вели академик Абдулменаф Беџети, член на МАНУ и ректор на Штуловиот универзитет во Тетово, во својата колумна со наслов „Македонски академички фрустрации“, која ја пренесоа весникот „Лајм“ и други медиуми на албански јазик.
Беџети пишува: „Во оваа пригода морам јавно да реагирам на индивидуалните ставови на некои македонски академици, па и на претседателот на МАНУ Коцарев, кој е можеби и мотивиран од академик Катица Ќулавкова и некои други колеги. Немам ништо против индивидуалните ставови на секој академик. Се обидувам да ги разберам, иако не ги објаснувам. Ова секогаш се додека не ги засегнат моето достоинство и националниот интерес. Во нивните мисли, за што и да се случи, одговорни сме ние, АЛБАНЦИТЕ, кои заедно со Македонците, но и другите ја направивме и ја развивавме државата, во некои аспекти и повеќе од нив самите, од Македонците.“
„Нема да се занимавам со ‘повикот’ на академик Коцарев за отпор кон интеграциските процеси на земјата под изговор за зачувување на инаку незагрозениот македонски идентитет, туку ќе се занимавам со предлогот на академик Ќулафкова за создавање трета Албанска академија, како што вели таа во последното интервју на ТВ Канал 5.“
„Ако не не сакаат во својот круг, застапени колку што сме и како што сме, еве, јавно изјавувам, без консултација со другите колеги-Албанци, верувајќи оти ќе немаат забелешка, дека ние можеме да го создадеме тоа. Но, повеќе не ‘илегално, неформално и приватно’, како што сме постапувавме во минатото со нашите почетни, основни институции, туку да се разделиме ВЕДНАШ и без двоумење со сите финансиски, просторни и технички средства. Веднаш да повлечеме 30 отсто од јавниот буџет на Македонската академија на науки и уметности и да станеме делничари со сите јавни активи, кои што се создадени од јавните пари на даночните обврзници.“
„Со зорт не се опстојува заедно. Наместо да имаме, научна продуктивност ние ја губиме творечката енергија, занимавајќи се со дневните политики и вероисповедните, културните, етнички и други фрагментации. Ако Катица Ќулафкова, или некој друг, претпоставуваат дека ќе може да се ‘ослободат’, од нас, без да ни се додели делот од нашиот имот, длабоко самите се измамуваат, бидејќи, прифаќаат или не тие, с.Македонија не е само нивна држава!“
„На последниот конкурс за избор на нови членови на МАНУ тие покажаа дека не се оттргнале од менталитетот на минатото! Колку за илустрација: на тој последен конкурс во Одделот за општествени науки, со кој јас раководам, од седум членови со пест гласови ЗА убедливо ја минавме кандидатурата на проф.д-р Мируше Хоџа, но во Собранието таа нејзина кандидатура ја ‘оборија’, не ја прифатија! Нејзиното научно и академско творештво (три магитериума и два доктората, главно меѓународни) со биографија на повеќе од 20 страници, го надминува творештвото барем на половина од постојните членови на Академијата и – повторно не помина!“
„Веќе имаме докажано дека не само што знаеме да правиме научни и образовни институции, туку и оти знаеме да го правиме тоа и подобро од нив. Затоа, ја прифаќаме ‘фрлената ракавица’!“, се вели во написот испратен до медиумите.