Вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ присуствуваше на Парадата на гордоста, трета по ред која се одржа во Скопје.

 

-Горди сме на слободата која ја живееме. Но, слободата ниту е конечна, ниту е доволна, особено ако сѐ уште постојат луѓе кои не се чувствуваат слободни.

Моето присуство на Парадата на гордоста е чин на солидарност и максимална поддршка на борбота за човековите права и слободи на секој еден, на секоја една.

Денес на ЛГБТИК+ парадата се маршираше против хомофобијата, секаква омраза, насилство и дискриминација.

Да градиме општество еднакво за сите и да научиме да живееме со почит и толеранција, прифаќајќи ги различностите.

Да се излезе за љубов и за еднаквост е достоинствено и праведно, порача Маричиќ.