Штипјанецот, Васил Караѓозов го освои вторто место на Балканско првенство во спортско качување во конкуренција на претставници од шест земји, меѓу кои и 15 од Македонија.

Караѓозов е член на спортско-качувачкиот клуб „Астибо“-Штип. Членовите на овој клуб бројат повеќе медали и освоени места, а некои од нив зеле учество и на Светскиот куп, за каде сè уште се подготвуваат за подобар успех.

Качувачкиот клуб „Астибо“ брои околу триесетина активни членови, кои трипати неделно имаат тренинзи во просториите на клубот. Викендите ги користат за активности во природа, качување на природни карпи или качување на вештачката карпа кај селото Вртешка на планината Плачковица.

Васил досега има освоено медали и од уште три балкански првенства, а амбициите му се да освои медал и од Светски куп.