Делегација предводена од амбасадорот на Република Бугарија во РС Македонија н.е. Ангел Ангелов, денеска положи свежо цвеќе на вечното почивалиште на полковник Борис Дрангов на градските гробишта Бутел во Скопје.

Почит кон ликот и делото на полковник Дрангов оддадоа, претседателот на собраниската Комисија за култура и медиуми Тошко Јорданов, генералниот директор на БТА Кирил В’лчев, директорката на бугарскиот Културно информативен центар Антонија Велева, претставници на бугарската амбасада во Северна Македонија, историчари од Македонскиот научен институт и претставници на бугарската заедница во Северна Македонија.

Н.е. амбасадорот Ангелов се обрати кон присутните со краток говор посветен на ликот и делото на полковник Дрангов, останат во историјата на Бугарија, како еден од најистакнатите воени педагози и борци за слободата на Бугарите од Македонија и Одринско.

Борис Дрангов е роден во Скопје во 1872 година. Учел во Военото училиште во Софија, но за време на Илинденско-Преображенското востание (1903) го напушта воениот рок и заедно со други офицери заминал во Македонија. Дипломирал на ГШ Николаевската академија во Санкт Петербург, а во 1910 година бил унапреден во чин мајор и бил поставен за учител по тактика во Военото училиште во Софија.


За време на Балканската војна бил началник на штабот на 1-та бригада на 1-та пешадиска дивизија. Неговите војници извојувале победи во Гекинли, Чаталџа, Едрене, Селиолу, Ескиполос и Петра. Добитник е на Орден за храброст IV степен. За време на Меѓусојузничката војна се борел на врвот Бубљак. За време на Првата светска војна, како командант на полкот, учествувал во борбите кај Калиманци, Кочани и Штип.

Во 1916 година, Дрангов бил началник на штабот на Првата пешадиска дивизија и поминал речиси 6 месеци на боиштата во Добруџа. Во 1917 година, како командант на 9-от пловдивски пешадиски полк, го бранел делот од котата 1050 во битката на кривината на реката Црна (Јужен фронт). Тој починал откако бил тешко ранет на 26 мај 1917 година од француско артилериско гранатирање во близина на котата што сега ја носи неговото име.

Неговите последни зборови биле „Колку многу сакав да и служам на Бугарија“. Погребан е во Скопје. За воени почести за време на војната бил одликуван со воен орден за храброст, III степен, а во 1917 година постхумно бил унапреден во чин полковник. Три населби во Бугарија го носат неговото име. Автор е на неколку книги, од кои најпозната е „Помни војната! Совети за строеви офицери “. Современата воена наука во Бугарија го смета за прв воен теоретичар на тактиката.

Извор: Трибуна