Екипата на Македонија Ѓорче Петров е победник на 29-тото издание во Купот на Македонија! „Лавовите“ по изведување на пенали го совладаа бранителот на тронот Силекс (0-0 регуларен дел и продолженија, 3-4 пенали) и така се врати на тронот за првпат по 2006 година. Финалето не понуди голови, а во рулетот одличен беше голманот на „лавовите“ Христијан Стевковски кој фати два пенали. Човек на одлука во серијата беше Сефер Емини./gol.mk
FOTO: gol.mk