Реал Мадрид е пред освојување на шампионската титула во Ла Лига, а претседателот Флорентино Перез наголемо работи на засилувањата кои треба да пристигнат на „Сантијаго Бернабеу“ ова лето. Килијан Мбапе од ПСЖ е приоритет, но шпанскиот весник „АС“ најави уште две нови имиња во таборот на „кралевите“, пренесува ‘МакФудбал’.
Advertisements
Реал ќе добие засилувања и во одбраната и во средниот ред. Антонио Рудигер од Челси се очекува како слободен агент да пристигне во Мадрид и да го засили Реал, а според „АС“, договорено е и доаѓањето на Орелиен Чуамени.
Одличниот играч за врска на Монако треба да биде наследник на Кашемиро во средниот ред. Покрај ова, Реал Мадрид ќе го продолжи и договорот со ветеранот Лука Модриќ до 2023 година.