Има 99 пациенти кои се позитивни, а се вакцинирани со трета доза и еден смртен случај, но се работи за исклучително тешка состојба, информираше денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.
Тој соопшти дека 5 000 деца на возраст од 12 до 18 години примиле вакцина против ковид.
57% од населението над 40 години е вакцинирао барем со една доза, 48% над 18 години се со една доза, 46% се вакцинирани со две дози, а 13% од населението над 60 години има примено трета доза. Има и 5 000 деца на возраст од 12 до 18 години примиле вакцина против ковид, рече Филипче.
Тој денеска уште еднаш апелираше до граѓаните да се вакцинираат, бидејќи вакцината е единствен метод за превенција а тешки форми на болеста, хоспитализација и смрт.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.