Половина Скопје е без парно, и главен виновник за тоа е Ковачевски и СДСМ, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Власта не презема ништо во насока на обезбедување на неопходните резерви на гас, но и за преговарање на цена и снабдување кога тоа го правеа земјите од регионот. Ковачевски беше заменик министер за финансии во таа влада, а со тоа и директно одговорен. Цената на парното греење ја одредуваат вршителите на јавни услуги – снабдување со топлинска енергија, а цената ја регулира РКЕ, единствен субјект кој што може да влијае првите да добијат поефтин гас, ако е способен да испреговара со странски земји или добавувачи е владата, а во РКЕ се партиските послушници и членови на Комисии на СДСМ како Бислимоски, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Веќе неколку дена граѓани од неколку населби во Скопје се жалат дека немаат парно греење или греењето е млако.