Инспекторите за транспорт и по речиси три недели откако се случи автобуската несреќа во Бугарија, во која животот го изгубија 45 лица – не успеале да направат вонреден инспекциски надзор во агенцијата Беса Транс, која ги превезуваше патниците, бидејќи сопственикот не бил достапен.
„Вонредниот инспекциски надзор не е извршен бидејќи седиштето на Беса Транс беше затворено. Новиот надзор согласно Законот за инспекциски надзор е закажан со писмен допис до Беса Транс. Исходот дали ќе се изврши надзорот зависи од тоа дали доставата ќе биде успешна. – вели Руфат Хусеини – директор на Инспекторатот за транспорт.
Агенцијата „Беса Транс“ пак продолжува со организирање тури од јануари. ТВ 24 се јави на телефонскиот број на агенцијата и од таму ни одговорија дека со турите за Истанбул продолжуваат од јануари, но се уште немаат точни датуми за екскурзиите кои ќе ги организираат.
Целиот текст можете да го прочитате тука