Седумдесет и шестгодишната Д.Ѓ. од Делчево вчера била приведена поради предизвикан пожар во индустриска зона во населбата Милково брдо.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи (МВР), пожарот настанал во моментот кога осомничената го запалила сувата трева и насадот со сливи.

„Пожарот предизвикал значителна штета, но не се пријавени повредени лица. По преземените мерки и откривање на сите детали од инцидентот, полициските органи ќе поднесат соодветен поднесок“, велат од полицијата.

МВР информира дека активностите за целосно документирање на случајот се во тек.