Софискиот „Труд“ излезе со наслов „Бугарка вербално линчувана во Скопје“ по информациите дека Данела Арсовска, кандидатка за градоначалничка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ има бугарско државјанство. Документите ги објави вчера СДСМ.

„Актуелниот градоначалник на главниот град, Петре Шилегов, кој кај нас стана познат по тоа што е антибугарин и по тоа што не обезбедува заштита од вандалите на споменикот на Гоце Делчев во Скопје, зашто тој е подарок од Бугарија, в недела ќе се соочи со независниот кандидат за градоначалник Данела Арсовска. На огромен екран зад говорницата на Петровска беше прикажан Указ за бугарско државјанство, но не на Данела Арсовска, туку на Даниела Арсовска. Дали е ова Указ за бугарско државјанство на дотичната жена, овде не станува збор. Исто така, не станува збор за тоа дека бугарското државјанство се добива со документ за бугарско потекло и, ако Данела Арсовска и Даниела Арсовска се исто лице, тоа значи дека тоа лице доставило документи за своите предци дека на времето се декларирале како Бугари, пушува во текстот на софиски „Труд“.























